ноември, 2007

Microsoft Linux

Зошто имам чуство дека такво нешто и не е на одмет, да се случи. Со ваков чекор мислам дека ќе биде решена партијата со шах-мат за GNU/Linux заедницата.

Сето ова се должи на фактот што GNU/Linux расте и се развива и нема крај едноставно, фактот што нема никакви граници, нема недостаток на луѓе (програмери) што развиваат софтвер, не се вртат истите цело време и едноставно идеите не се трошат. Последно што знаеме е дека Novell разви систем SUSE Linux Enterprise Real Time 10, што е чудовиште во брзината на реакција на хардверот на барање на софтверот.

Кратко објаснување: Linux машина, (хардвер) реагира со 600 микросекунди каснење, а Real Time Linux е систем со под 15 микросекунди каснење.

Поради големата развојна брзина што се случува во софтверскиот свет фирми како Microsoft ќе бидат притиснати да се префрлат на слободен софтвер. Едноставно пазарот така ќе им диктира. Можеби сега имаат проблеми со тоа и бараат стратешки решенија, но многу луѓе секој ден се повеќе им станува јасно дека има и друга перспектива на работите, т.е. постои поефтино и ПО-без-стресно решение за нивниот пристап до компјутер и интернет.

Слободата со која би се развивал софтверот без никакви патентирани забрани и граници е многу повкусно за работата на еден програмер. А фактот што истиот може да се ажурира од други колеги, каде што со размената на кодовите исто би значела олеснување и програмирање со “интересна” брзина. Баш ради овие факти не е чудно да сретнеме Microsoft Linux :) , во блиска иднина.

“Linux enterprise” шлаканици

o_Novell-SuSE-.jpgRedhat-wave.jpg

Иако веќе е добро познато дека техниката го смени лицето на планетава и нејзиниот софтверски капацитет, GNU/Linux се шири во целост, нешто многу слично на балон. Дел од компаниите што се поделија на кориснички и enterprise server решенија во развивањето на "Open-Source/Free software" оперативните системи, сега се повеќе го "потиснаа" пазарот за серверски решенија.

Мал расказ за сервер решенијата на Linux OS:
Enterprise Server – е компјутерски систем кој е носечки сервис за контрола и работа на компјутерите во некоја голема организациј
а/компанија, или мала. Значи решенија како web сервер, print сервер, база на податоци, мрежни и интернет контроли.

Слушаме во последно време како Windows Vista ќе го затресе светот со новите софтверски решенија, тука и светот на Linux Enterprise дека бил затресен, големата побарувачка на клиенти што го бараат продуктот на Microsoft, се зголемил, а тоа се зголемил во Америка, а се зголемил за 2%. За 2% се зголемил!? ХАХА, а истражувањето било само за 1000 извршни директори низ Северна Америка. Незнам дали да се смеам или да плачам од смеа….

Значи еве како стојат работите. Linux Enterprise доминра на пазарот во Америка, постабилен е, поефтин е, а да не збориме дека растењето на GNU/Linux кривата на графиконот е мноогу паралелна со таа на интернетот. Така да има многу сонувачи, дека тоа е Microsoft Server растура, сакаат да ги лажат тие што не се разбудиле уште. Не се согласувам, а дури и во македонијава ни наша, Microsoft веќе стои на стаклени нозе. Дури оваа година во Европа почнаа да се испорачуваат и да се бараат Novell и Red Hat серверските пакети, а тука не е спомнат Microsoft како конкурент, туку како некој што ќе го сменат, дека си го "испеал" своето. Значи за 7% ќе има пораст на нови дистрибуирања на Linux Enterprise Server низ Европа, а плус 28% од компаниите до 2008 планираат да се префрлат на Linux Enterprise.