Македонски гитари по сопствен избор
Ако се случува нешто интересно на нашава музичка сцена, јас ова би го слушал! Не дека другите работи што се случуваат не се интересни, само изборот со моите вредности, вкусови и критериуми за квалитет лежи во овој скромен избор. Простопроширено целиот тој шунт и ѓубре што повеќето наши медиуми го форсираат, е одраз на еднонасочноста и утепаноста на неквалитетните уредници и НЕ себе образовани мозоци што мислат дека треба само да објават нешто на телевизорот како доволно и подобро од необјаување ништо. Нека ми простат сите музичари што нема да се најдат тука особено од рок-панк-рол-метал-реге-блуз-хоп–џез-и-тн жанровите.
Внимателно, спремам еден посебен пост за нашите етно групи што сакам да им посветам исто така посебно внимание, таму нема дискусија! Read more »
Теорија на Рамнотежата
Оваа теорија многу одамна е разгледувана, проучувана со истражувања и набљудувања. Таа сфера на интерес, според сознанијата на човештвото денес, датира уште од времето на античка Кина, пред 3000-4000 години. Но овој термин се користи најмногу во ерата на античките Грци или поточно ерата на филозофите што ја започнале западната култура во светов. Спаѓа во повеќе научни дисциплини, но најмногу ја опфаќа социологијата (наводно).
Зборот социологија потекнува од латинскиот збор socius што значи „сопатник“ или „другар“ и старогрчкиот збор λόγος (lógos) што значи „збор“ или „знаење“. Вака спакуван зборот социологија го склопил Емануел Џозеф Сијес во 1780. Но Теоријата на Рамнотежата не ја опфаќа само социологијата, таа е исто толку поврзана со психологијата и филозофијата.
Фритз Хајдер, Австриец и психолог што живеел при крајот на 19 век до крајот на 20 век, дал некаква теоретска дефиниција за рамнотежата на човечкиот психолошки мотив што се стреми да ја урамнотежи својата неурамнотеженост. Хајдер заклучил дека сентименталноста односно односите помеѓу луѓето се главните виновници за постигнување рамнотежа кај самиот човек. Пример: Ако имаме личност што сака и личност што не сака, кога ќе се сретнат и двете личности ќе бидат исполнети односно ќе постигнат психолошка рамнотежа кај самите себеси на сметка на двајцата. Што според ова, луѓето како единка не се способни да се урамнотежат психички самите себеси, туку им треба друштво од најмалку уште еден човек за да го постигнат тој еквилибриум.
Теорија на Рамнотежа
Оваа теорија е теорија за тоа што им треба на луѓето во нивните животи за да постигнат среќа (радост). Симболизира рамнотежа преку која се измерени смислата или причината. Се разбира дека рамнотежата е совршена само тогаш кога двете страни се еднакви во тежина. Со други зборови, за да постигнете среќа, двете страна треба да се еднакви, не во бројка туку во тежина. Значи, колку повеќе разум и причина содржи твојот живот, толку повеќе ќе треба да содржи и бесмислици или глупости за да останеш среќен и здрав (нормален).
- Александар Велики
Празнично филмско уживање
Ако гледам филмче за празнициве, би избрал нешто од списоков што следи. Филмовите се избор од веќе лансираните за празнициве и плус нешто што ќе следи набрзо до март. Би нагласил дека 2010 Disney Studios ќе растураат со анимации на сите страни, со многу јаќи Фантазии, Авантури, Sci-fi и ред други анимирани воодушевувања. Ќе „шприца“… //може и Full-screen тука да се гледаат сега…
The Imaginarium of Doctor Parnassus
Наредните два се најавени за Март 2010:
И со енци-менци да изберам, нема да згрешам
Поскапувањата како новогодишна честитка
Во денешницава што ја живееме секој ден станува сè потешко да решаваш повеќе проблеми оддеднаш. Порано ги завршувале работите една по една, па дошол 20-ти век и станале повеќе и оддеднаш тоа потегнува завршување на истите оддеднаш.
Што е ѕверот односно животното во еден човек?
Еден човек го буди ѕверот во себе само ако: нема за јадење, односно е мртов гладен и очајот дури може да го натера да јаде и друг човек или животно. Следната работа поради која човекот може да го постигне тоа ниво е нагонот за размножување. На сето тоа има еден до два додатоци врзани со фамилија, односно потребата од одмазда и заштита. Можеме да убиеме друг човек единствено поради најблиските.
Внимателно: Тој човек што наводно го убиваме е член на колективот човек. Што значи: „Сам себе го убијал“. Read more »
Comments(0)



